Денеска се одржа настан „Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж река Брегалница“ кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија и фаза 2 од проект на Швајцарска агенција за разој и соработка.
Настанот се одржа во близина на селото Софилари, каде што, на овој потег од реката Брегалница ќе се засадат 1.500 садници.
Градоначалникот Благој Бочварски потенцираше дека Општина Штип ги поддржува овие акции кои имаат за цел да ја сочуваат животната средина.
Фото: Фејсбук/Бочварски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.