еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Кадриу има куќа и стан, вози Пежо

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Осман Кадриу?

Според анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциска комисија, на свое име од наследство пријавил земјоделско земјиште во Кичево.

На свое име пријавил и градежно земјиште, стекнато со договор за купопродажба во Кичево.

Пријавил и куќа од наследство во Кичево, проценета на 100 илјади евра.

Не дал податок за сопственост на стан во Скопје од 70 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

Вози Пежо 5, од наследство, а пријавил и уште едно возило Пежо 6, за кое не дал податок чиво е.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

Каков имот пријавиле уставните судии: Елена Гошева на свое име има само земјиште и депозит од 32.700 долари

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина осуденик во затворот во Шутка

Редакција

(Фото) Википедија не преименува во Северна Македонија

Редакција

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Редакција