еМагазин
Image default
Забава

По осум месеци притвор во Грција, Панки му се враќа на „Куку Леле“ и на пеењето

По осум месеци притвор во Грција, Сашо Каимовски  – „Панки“ (52) се враќа на пеењето и на „Куку Леле“.

Потврда за тоа е рекламата за настап на 31 декември во „Дежа ву“.

Панки, по осум месеци минати во притвор во Грција е пуштен на слобода. Тој беше уапсен во март годинава на граничниот премин „Евзони“ при влез во Грција, врз основа на распишана потерница од Интерпол, а на барање на Германија.

Германски истражни органи го посочија Каимовски како член на меѓународна криминална група која крадела податоци од кредитни картички со поставување на т.н. „скимери” на банкомати.

Иако деновиве се појавија информации дека Панки бил виден во некое од скопските кафулиња, неговите пријатели ја демантираат информацијата, посочувајќи дека го чекаат да се врати од Германија.

Фото: Dejavu/Принтскрин јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона стана првата жена во историјата која имала Топ 10 албуми во пет различни децении

Редакција

(Фото) Елизабет Харли супер секси во топлес издание

Редакција

По разделбата со Ване Цветанов, се јави и Дунавка Трифуновска

Редакција