еМагазин
Image default
Локално

Откриени 27 килограми марихуана „на пат“ за Грција

На 08.12.2019 полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, по претходно добиени оперативни сознанија, кај с.Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Р.Албанија, а како сопатник бил Т.М(36) од Р.Албанија, информира МВР.

При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција.

Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде  поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215  од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на Општина Дебар за почесни граѓани прогласи петмина експерти од Албанија

Редакција

Кривични пријави за родители од Куманово: Ги запуштиле децата и ги терале да питачат

Редакција

Стружанец претепал сограѓанин

Редакција