еМагазин
Image default
Локално

Приведен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

„Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Северна Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено“, соопштија од МВР.

Од МВР информираат дека за случајот е известен дежурен јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Старите модни парчиња повторно оживуваат со Re: store во „Лабораториум“

Редакција

Тешко повредена жена по удар од „опел вектра“ во Охрид

Редакција

И бегале на полицијата со моторна пила и секира во автомобилот

Редакција