еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,08 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67, а на „еуросупер БС-98“ – 69 денари за литар. Еуродизел ќе продолжи да се продава за 61,5, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев повторно најави декриминализација, па легализација на марихуаната

Редакција

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

Редакција

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Редакција