еМагазин
Image default
Бизнис

Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, се зголемува цената на мазутот

Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 67 денари за литар, „еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 69 денари, „еуродизел“ за 61,5 денари.

Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на цената на светскиот пазар во изминатата недела кај бензинот за 0,85, а кај дизелот за 1,21 отсто, како и за 0,43 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои компании кои котираат на Македонската берза во првите три месеци оствариле добивка, а кои загуба

Редакција

Снежана Георгиева именувана за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Засилени инспекции за новогодишните празници: Затворени уште четири угостителски објекти

Редакција