еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

УСЈЕ ги поканува невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата на 18 декември 2019

Во последно време сѐ повеќе е актуелна темата за употреба на алтернативните горива добиени од фракции од отпад и импликациите врз животната средина.

Во услови на разбирливо голем интерес кај граѓаните за севкупната состојба со животната средина, за жал, во јавноста се појавија шпекулации и неточни информации во врска со оваа тема и нашата компанија, велат од Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

“Поради тоа, и разбирајќи ја загриженоста на нашите сограѓани, Цементарница УСЈЕ АД Скопје уште еднаш ги повика невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата в среда на 18.12.2019 година во 12.00 часот, за на лице место да им ги ставиме на располагање фактите за нашето работење по највисоките домашни и ЕУ стандарди и за грижата за животната средина во која континуирано и посветено инвестираме и која е еден од столбовите во сите сфери од нашето деловно работење.

Истовремено, за нас ќе биде исклучително драгоцено директно да ги чуеме ставовите на невладините и граѓански организации и да имаме можност на нив аргументирано да одговориме“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Конечно успешно отстранети 10 тони опасни хемикалии од кругот на ОХИС, отпадот ќе се уништува во Франција

Редакција

Контролирајте го квалитетот на воздухот во својот дом, каде и да сте

Редакција

Студија: Согорување на биомасата најголем извор на загадување на воздухот во Скопје

Редакција