еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Шилегов предлага вонреден инспекциски надзор во УСЈЕ, а тој веќе направен

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во интервју на телевизија „Алфа“ рече дека доколку тој би имал ингеренции врз Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) би испратил инспектори во фабриката УСЈЕ.

Шилегов забелешките ги даде на 16 декeмври без да биде информиран дека ДИЖС имаше веќе имаше извршено вонредна инспекција на 12 декември.

Резултатите од тој надзор веќе беа споделени со јавноста на 13 декември.

Покрај овој вонреден надзор, Цементарница УСЈЕ ги повика невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата в среда на 18.12.2019 година во 12.00 часот, за на лице место да им ги стават на располагање фактите за работењето.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци

Редакција

(Фото) Кристина Арнаудова и децата од „Шарено лето“ собраа 35 ќеси ѓубре во Маврово

Редакција

Крајбрежјето кај Далјан исчистено од активисти, собрани над 50 вреќи ѓубре

Редакција