еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Кристина Арнаудова и децата од „Шарено лето“ собраа 35 ќеси ѓубре во Маврово

Децата кои учествуваа на спортско-забавниот летен камп за среќни деца „Шарено лето“ кој е во организација на Кристина Арнаудова, собраа 35 вреќи ѓубре во Маврово.

„Многу сум горда на сите овие деца и на цела екипа на мојот летен камп. Заедно со децата имавме еко акција, го исчистивме до последно ливче реонот кај ски терените, хотел Бистра, Хотел Лоџ фудбалското игралиште и околината. 35 вреќи со ѓубре! Sooo proud of them!!!“, напиша Кристина на нејзиниот фејсбук-профил.

Воедно таа е разочарана и зачудена од ѓубрето што луѓето го оставаат позади себе.

Спортско-забавниот летен камп за среќни деца „Шарено лето“ се случуваше од 10 до 16 август и од 16 до 22 август во хотел „Лоџ“ во Маврово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заедно за чисто Охридско Езеро“: Од секое купено „Скопско“ се издвојува по еден денар за заштита на нашето природно богатство

Редакција

Се бара забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“: Гасовите најштетни за пешаците, посебно децата

Редакција

Во Скопје повторно се протестираше за чист воздух

Редакција