еМагазин
Image default
Локално

Млад тетовчанец со возило урна дел од ѕидот на тетовската касарна

Дваесет и тригодишник од тетовското село Вејце утринава изгубил контрола врз своето возило по што удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, а поради удирањето, урнат е дел од ѕидот.

„Околу 7 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген голф караван“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.М. од тетовско Вејце, а во кое се наоѓало уште едно лице-сопатник, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски ограден sид од двор. Во несреќата нема повредени“, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Со воздушна пушка застрелал домашни животни на соселанец

Редакција

Кумановец ја загрозил сигурноста на пратениците со објава на Фејсбук

Редакција

Кои се најдобри барови во Скопје за 2019

Редакција