еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата контра антикорупционерите: Нема правен основ за одговорност на вицепремиерот Кочо Анѓушев

По повод информацијата за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за поведување постапка за утврдување одговорност на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и координација со економските ресори, на вчерашната седница е утврден одговорот на Владата кој ќе биде испратен до ДКСК, информира владината прес-служба.

„Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29-тата седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36-тата седница на 7 ноември, откако во меѓувреме заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката“, се вели во соопштението од Владата.

Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека членовите на Владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните поединечни овластувања се контролирани од Владата како колективен орган, согласно Уставот и Законот за Влада, и дека во овој случај не е утврдена повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Антикорупциска утврди судир на интереси кај вицепремиерот Анѓушев и бара одговорност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирјана Настовска Митрова избрана за член на Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Редакција

Министерството за здравство се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишната Јана

Редакција

Сиљановска Давкова го отвори прашањето за доброволно служење воен рок

Редакција