Имајќи предвид дека епидемија на заразна жолтица е прогласена во Ѓорче Петров и Даме Груев, од Министерство за здравство апелираат до граѓаните да се следат препораките за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.
Во училиштата:
– Зајакнато континуирано механичко чистење на објектот.
– Комплетна и континуирана, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција.
– Континуирано оддржување на хигиената во целиот објект, особено на санитарните јазли.
– Вонредна дезинфекција на санитарните јазли од страна на овластена институција.
– Обезбедување на течен сапун и течен дезинфициенс за раце во санитарните јазли.
– Редовно оддржување на личната хигиена на вработените и учениците (особено редовно и правилно миење на раце со течен сапун и потоа дезинфекција со течен дезинфициенс) и редовно носење на работни одела.
– Правилно манипулирање со брисачите за подовите од страна на хигиеничарките (да се користат посебни брисачи за под во санитарните јазли, од една страна, и училниците и ходниците, од друга страна).
– Редовен санитарно-здравствен преглед на вработените.
– Отстранување од настава на ученици со било какви симптоми на болест.
– Засилена едукација и потсетување на учениците од страна на наставниците, за редовно оддржување на личната хигиена со особено внимание на миењето на рацете.
– Најефикасна превенција за вирусен хепатитис А е вакцинација со вакцина против хепатитис А.
Во домовите на заболените:
– Редовно оддржување на хигиената во домот, во моментов зајакнато.
– Посебно внимание да се обрне на хигиената во санитарните јазли со зајакната дезинфекција.
– Користење на течен сапун и дезинфициенс за раце.
– Посебно внимание да се обрне на оддржување на личната хигиена, особено миењето на рацете.
– По можност, изолација на заболениот и обезбедување на посебен санитарен јазол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прогласена епидемија на заразна жолтица во Даме Груев и во општината Ѓорче Петров