еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Легендарниот македонски коментатор Атанас Костовски доби награда за животно дело од страна на ФФМ

Атанас Костовски, легендарниот македонски коментатор кој со години ги следеше настапите на македонските спортисти и ги пренесуваше натпреварите на телевизиските екрани доби награда за животно дело од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

82 годишниот Костовски целиот свој работен век го мина во Македонската Радио Телевизија.

Добивајќи го признанието на манифестацијата „Најдобри во македонскиот фудбал“, популарниот Таско истакна дека му е чест што добива награда за животно дело, а истовремено посака пласман на ЕП 2020 на Македонија.

Искрено се заблагодари на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Не добив ваква награда во времето на Иванов, Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиоски. Благодарам Мети. Никогаш не е доцна за награда.

Ви посакувам македонска европска, 2020 година. Посакувам сите мои колеги од јавниот ТВ сервис и од комерцијалните телевизии да имаат таква можност каква што сум имал јас. Да известуваат и коментираат кога нашата репрезентација ќе биде на Европско првенство и тоа на македонски јазик. Тогаш коментаторите остануваат засекогаш запаметени.“, изјави Костовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 711 оздравени од Ковид-19

Редакција

Тиквеш ги објави примањата на менаџментот: Колкава плата има Светозар Јаневски?

Редакција

На битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство

Редакција