Агенцијата за електронски комуникации ги објави најновите податоци за уделот на мобилните оператори на пазарот на мобилна телефонија по број на активни претплатници (состојба на 30.06.2019 година).
Според нив, „А1 Македонија“ учествува со 49,33%, „Македонски Телеком“ учествува со 48,16%, „Лајкамобајл“ има пазарен удел од 2,09% додека „Роби“ има пазарен удел од 0,42% во вкупниот број на активни претплатници кои во последните три месеци предизвикале на некој начин електронски комуникациски настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Македонски Телеком“ „држи“ 54,2% од пазарот на фиксна телефонија
Кој оператор има најголем удел во приходите од малопродажбата на мобилни услуги?
„Македонски Телеком“ се уште доминира на пазарот на фиксен пристап до интернет со широк опсег