На 11.01.2020 во 11,14 часот во СВР-Штип било пријавено дека на бул.„ЈНА“ во стан во кој живеел Д.П. (42), настанал пожар, информира МВР.
При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип од страна на пожарникарите било пронајдено изгорено машко тело.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип и Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.