еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Неколкувековна возобнова: Се бараат донации за доизградба на Женскиот манастир Рајчица

Се бараат донанции за доизградба на Женскиот манастир Рајчица, информираат од таму:

„Манастирот посветен на светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј во Рајчица ја започна својата градителска сага уште во далечниот XVII век, во времето на бигорскиот игумен Иларион, а својот архитектонски процут го доживеа под будната грижа на игуменот Арсениј, големиот ктитор на бигорското светилиште.

Градителскиот потфат во светилиштето на св. Георгиј Манастирот посветен на светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј во Рајчица ја започна својата градителска сага уште во далечниот XVII век, во времето на бигорскиот игумен Иларион, а својот архитектонски процут го доживеа под будната грижа на игуменот Арсениј, големиот ктитор на бигорското светилиште. Така во почетокот на XIX век, на темелите на урнатиот храм се издигна нова прекрасна црква, која игумен Арсениј се погрижи уште веднаш да биде фрескописана, и на денот на Чесниот и Животворен Крст, 27 септември 1835 година, таа беше осветена и надополнета со достоинствени конаци кои народот ги нарекуваше „Дворецот на св. Георгиј“.Следните бурни години од нашето славно минато, години на постојани војни и смут, оставија бројни траги на овој прекрасен дом на Победоносецот, па во периодот после Втората светска војна од живописните конаци скоро и да немаше останато ништо. Преживеа само осамениот храм за да сведочи за некогашната слава. И она што потоа дојде, цели 50 години комунизам, од местото направи вистинска пустелија. Две полу-разурнати одаи без покрив за да послужат барем како плевни, руиниран ѕид како одблесок од некогашната трпезарија, распадната камена ограда околу и рѓосана железна конструкција за камбанарија. Насекаде обраснато со дрвја и треви. И среде тој пустош сѐ уште стои и гордо одолева на времето древниот храм. Во таква состојба новиот бигорски игумен, архимандрит Партениј го затекна светилиштето при своето враќање од Света Гора во 1995 год. Трогнат од тажната глетка на запуштениот дворец на св. Георгиј, во срцето зема завет пред Бога и пред светецот дека нема да се успокои додека не го воскресне овој негов Божји дом. Додека молитвено го упатува својот поглед кон Великомаченикот, барајќи го неговото застапништво и помош, во својот ум мисловно го живописува новиот лик на замрениот манастир, новиот дом на сестринството што наскоро ќе се всели тука. И Бог радосно и благонаклоно погледна на оваа негова желба. По Својата неискажлива промисла и по молитвите на заштитникот св. Георгиј, ја благослови новата градба и така на 27 септември 1999 год., игуменот со братството го започна својот голем градежен потфат. Дело големо, кое бара целосно да се вложиш. Но трудот не остана без награда: за само 18 месеци од урнатините се издигна велелепно ново светилиште, блесна на сонцето со својата чудесна белина и веднаш го доби името „Снежната Кралица“. На 4-ти јуни 2001 год. започна новиот живот во овие таинствени високо издигнати ѕидини, а монашкото сестринство што Бог тука го насели, го запечатија тој духовен почеток со своите смирени молитви. Наскоро дојде и благословот на св. Георгиј, во вид на неговите свети мошти и донесе неизмерна радост и големи плодови. Сестринството се преумножи, монашките ќелии се пополнија, манастирот тесен стана. Со новите сестрински занимања, работниот простор стана насушна потреба. Одново грижи за архимандрит Патрениј, треба повторно да се гради, и повторно во закрилата на Христовиот Крст. На 27 септември 2016 год., митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј го освети камен темелникот за новите манастирски работилници. Конак импозантно голем и со несекојдневна крстовидна архитектура, вистински украс на крајот. Речиси никој не може да верува дека пред само 2 години никна од ѕидовите на една обична муслиманска куќа и сега е во завршна фаза. Во чист византиски стил, по пример на древните градители а според боговдахновената замисла на игуменот. Но тука не завршува неговото дело. Монашкиот конак веќе не се слеваше во ликот на византиската архитектура на новата градба. Требаше и тој полека да го смени својот лик па својата снежна белина почна да ја заменува со убавината на бигорниот камен. Архитектура топла а истовремено мистична, таинствена носталгија по византискиот раскош на некогашните монашки светилници на православната империја. Лик што враќа во блесокот на златните векови на Православието. Работата оди бавно – малку се денес оние што можат да го скротат тврдиот камен и од него да ја извлечат бараната форма. Но вредните работници неуморно се трудат. Сега и камбанаријата неусетно ја облекува својата камена риза, некаде прошарана со украси од црвена тула. А зимата е веќе на прагот. Скромните резерви се скоро при крај, па градењето треба да запре. А напролет со нови сили, и со надеж за нови средства што ќе ги собере и подари благородната, штедра народна душа. Потфатот да се доврши, манастирот да се догради. Сега за монашката принова треба и нови ќелии. Игуменот мора и нов монашки конак да предвиди, градбата направена пред скоро 20 години да ја продолжи со ново крило и манастирскиот комплекс да го заокружи. Среде тој прстен од конаци нов голем храм на св. Георгиј да се крене, оти стариот е премал да ги собере за манастирска служба дојдените верници, па голем дел од нив богослужбата ја следат од дворот. Навистина големо и благородно дело, во кое ќе се вгради и ова наше поколение и ќе остави вреден залог за идните времиња. Ќе ја даде својата скромна лепта а за возврат ќе пожнее обилен благослов. Нема поубав начин да оставиш трага од ова твое кратко живеење на земјата. И да го запишеш засекогаш своето име на небесата, каде Бог усрдно ги памети и стократно ги наградува оние кои направиле нешто за свое спасение и Негова слава. Ајде и ние да бидеме меѓу оние за кои се подготвува небесната слава. Да помогнеме да се изгради докрај оваа богата духовна ризница, која ќе блеска и ќе им сведочи за нашата добрина на уште многу идни поколенија. Да ја стекнеме со малку вечната награда. Св. Георгиј сака ние да му изградиме дом за засекогаш да ја стекнеме неговата моќна заштита. Нека биде така!https://www.gofundme.com/f/help-rajchica-monastery?fbclid=IwAR2n1q0ivwhJbY_1t_lKHDI1r89zOzWlN8XtjbYBGxg7w5yYJxmiDi0lDJo

Posted by Женски Манастир Рајчица Св. Георги Победоносец on Недела, 05 јануари 2020

Така во почетокот на XIX век, на темелите на урнатиот храм се издигна нова прекрасна црква, која игумен Арсениј се погрижи уште веднаш да биде фрескописана, и на денот на Чесниот и Животворен Крст, 27 септември 1835 година, таа беше осветена и надополнета со достоинствени конаци кои народот ги нарекуваше „Дворецот на св. Георгиј“.

Следните бурни години од нашето славно минато, години на постојани војни и смут, оставија бројни траги на овој прекрасен дом на Победоносецот, па во периодот после Втората светска војна од живописните конаци скоро и да немаше останато ништо.

Преживеа само осамениот храм за да сведочи за некогашната слава. И она што потоа дојде, цели 50 години комунизам, од местото направи вистинска пустелија. Две полу-разурнати одаи без покрив за да послужат барем како плевни, руиниран ѕид како одблесок од некогашната трпезарија, распадната камена ограда околу и рѓосана железна конструкција за камбанарија. Насекаде обраснато со дрвја и треви. И среде тој пустош сѐ уште стои и гордо одолева на времето древниот храм.

Во таква состојба новиот бигорски игумен, архимандрит Партениј го затекна светилиштето при своето враќање од Света Гора во 1995 год. Трогнат од тажната глетка на запуштениот дворец на св. Георгиј, во срцето зема завет пред Бога и пред светецот дека нема да се успокои додека не го воскресне овој негов Божји дом. Додека молитвено го упатува својот поглед кон Великомаченикот, барајќи го неговото застапништво и помош, во својот ум мисловно го живописува новиот лик на замрениот манастир, новиот дом на сестринството што наскоро ќе се всели тука. И Бог радосно и благонаклоно погледна на оваа негова желба.

По Својата неискажлива промисла и по молитвите на заштитникот св. Георгиј, ја благослови новата градба и така на 27 септември 1999 год., игуменот со братството го започна својот голем градежен потфат. Дело големо, кое бара целосно да се вложиш. Но трудот не остана без награда: за само 18 месеци од урнатините се издигна велелепно ново светилиште, блесна на сонцето со својата чудесна белина и веднаш го доби името „Снежната Кралица“. На 4-ти јуни 2001 год. започна новиот живот во овие таинствени високо издигнати ѕидини, а монашкото сестринство што Бог тука го насели, го запечатија тој духовен почеток со своите смирени молитви.

Наскоро дојде и благословот на св. Георгиј, во вид на неговите свети мошти и донесе неизмерна радост и големи плодови. Сестринството се преумножи, монашките ќелии се пополнија, манастирот тесен стана. Со новите сестрински занимања, работниот простор стана насушна потреба. Одново грижи за архимандрит Патрениј, треба повторно да се гради, и повторно во закрилата на Христовиот Крст.

На 27 септември 2016 год., митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј го освети камен темелникот за новите манастирски работилници. Конак импозантно голем и со несекојдневна крстовидна архитектура, вистински украс на крајот. Речиси никој не може да верува дека пред само 2 години никна од ѕидовите на една обична муслиманска куќа и сега е во завршна фаза. Во чист византиски стил, по пример на древните градители а според боговдахновената замисла на игуменот. Но тука не завршува неговото дело.

Монашкиот конак веќе не се слеваше во ликот на византиската архитектура на новата градба. Требаше и тој полека да го смени својот лик па својата снежна белина почна да ја заменува со убавината на бигорниот камен. Архитектура топла а истовремено мистична, таинствена носталгија по византискиот раскош на некогашните монашки светилници на православната империја. Лик што враќа во блесокот на златните векови на Православието. Работата оди бавно – малку се денес оние што можат да го скротат тврдиот камен и од него да ја извлечат бараната форма.

Но вредните работници неуморно се трудат. Сега и камбанаријата неусетно ја облекува својата камена риза, некаде прошарана со украси од црвена тула. А зимата е веќе на прагот. Скромните резерви се скоро при крај, па градењето треба да запре. А напролет со нови сили, и со надеж за нови средства што ќе ги собере и подари благородната, штедра народна душа. Потфатот да се доврши, манастирот да се догради.

Сега за монашката принова треба и нови ќелии. Игуменот мора и нов монашки конак да предвиди, градбата направена пред скоро 20 години да ја продолжи со ново крило и манастирскиот комплекс да го заокружи. Среде тој прстен од конаци нов голем храм на св. Георгиј да се крене, оти стариот е премал да ги собере за манастирска служба дојдените верници, па голем дел од нив богослужбата ја следат од дворот.

Навистина големо и благородно дело, во кое ќе се вгради и ова наше поколение и ќе остави вреден залог за идните времиња. Ќе ја даде својата скромна лепта а за возврат ќе пожнее обилен благослов. Нема поубав начин да оставиш трага од ова твое кратко живеење на земјата. И да го запишеш засекогаш своето име на небесата, каде Бог усрдно ги памети и стократно ги наградува оние кои направиле нешто за свое спасение и Негова слава.

Ајде и ние да бидеме меѓу оние за кои се подготвува небесната слава. Да помогнеме да се изгради докрај оваа богата духовна ризница, која ќе блеска и ќе им сведочи за нашата добрина на уште многу идни поколенија. Да ја стекнеме со малку вечната награда. Св. Георгиј сака ние да му изградиме дом за засекогаш да ја стекнеме неговата моќна заштита. Нека биде така!“.

Линк за донации ТУКА.

Фото/Видео: Фејсбук/Женски манастир Рајчица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четиримесечно бебе од Кочани најмлад пациент заболен од коронавирусот во Македонија

Редакција

Уставните судии го одложија изјаснувањето за помилувањата на Иванов

Редакција

Затворени за сообраќај неколку улици во центарот на Скопје заради протестите

Редакција