еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција

Со широко мнозинство, со поддршка од три партии, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, Екатерини Сакеларопулу денеска е избрана за прва жена претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници.

Од нив, 261 пратеник го поддржаа предлогот на владата, Сакеларопулу да биде нов претседател на државата.

Новата претседателка на Грција, на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата.

МИА/Фото: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска е Прочка: Кој на кога треба да му прости

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 760

Редакција

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Редакција