еМагазин
Image default
Македонија

Нов статус на 1ТВ: Со име и презиме ќе ги објавиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски

На официјалната страна на Фејсбук на телевизијата 1ТВ, се појави нов статус во кој се најавува дека наскоро со име и презиме ќе бидат објавени лицата кои стојат позади „тивката ликвидација на Бојан Јовановски“ – Боки 13, кој е првообвинет во „Рекет“.

“Ја известуваме јавноста дека во наредните неколку денови ке ѓи објавиме сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравтвена состојба.

Имено ке ѓи објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораки за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски!

Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство.

На сведочењето од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се виде дека првообвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар, јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот “Империја” таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги “разни емисари”….

Јасно и категорично беше кажано од страна на обвинителката Стефанова дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт и дека имала само коректен однос гостувајки во 1ТВ и дека никогаш не разговарала со Бојан Јовановски за предмети од СЈО и дека никогаш не вршел никаков притисок, а замислете Јовановски е првообвинет во овој случај… “вистинска правна држава”.

Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ѓи процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа?

Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?

Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ќе го замолчат Јовановски и дека ќе ја спречат вистината за “Рекет”?

Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет “Рекет”.

Како беше она парола… “Нема правда, нема мир”.

Место за “поштедени” на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има “поштедени” !!!“, пишува во статусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испрати ли Боки 13 порака со објавата на Фејсбук страната на 1ТВ дека ќе бидеме изненадени од позадината за „Рекет“

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција

Повеќе мажи, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Починаа уште две лица од корона вирусот, вкупно 519

Редакција