Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле во Бирото за јавна безбедност (БЈБ) дека нивни фотографии се злоупотребени во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, вели за „Мета“, Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи повикувајќи ги притоа сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
– Се работи на обезбедување на податоците за сторителите на кривичните дела, се вештачат телефоните кои се одземени од администраторот и креаторот на групата, како и други дејствија со цел што побрзо расчистување на случајот и поднесување соодветни пријави. До сега имаме добиено пријави од лица злоупотребени во групата од Кичево, Скопје, Тетово и Штип. Ги повикувам сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица, вели Петровска.
Истрагата треба да покаже и која била целта и намерата на креирање на оваа група, дали станува збор за група во која само се споделувале фотографии со порнографска содржина или, пак, позадината била организирање на проституција и подведување, особено со акцент на малолетничките чии фотографии се споделувале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мета