еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци, ќе се презентираат извештаи од Судска медицина и психијатар

Вешто лице од Судска медицина и психијатар денеска на рочиштето за сообраќајната несреќата кај Ласкарци, ќе ги презентираат извештаите за здравствената состојба на возачот Маноил Трифуновски, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Инаку, на последното рочиште за трагедијата во близина на село Ласкарци, вешто лице кажа дека возачот за време на несреќата ниту заспал, ниту пак зборувал на телефон, но можно е да се завртел кон лево со телото или пак да погледнал надолу пред него.

На 13 февруари ќе се наврши една година од сообраќајна несреќа после наплатната рампа „Глумово’’, каде автобус на компанијата Дурмо Турс, изгуби контрола и падна во бездна.

Во сообраќајката животот го изгубија 16 лица, повеќето граѓани од Гостивар, а над 30 се здобија со тешки повреди.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови

Редакција

Од Уставниот суд со нов апел до Собранието да се изберат нови судии

Редакција

Амди Бајрам почна да собира потписи за кандидатурата за претседател

Редакција