еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелацискиот суд ја одби жалбата: Орце Камчев останува без пасош

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“, Јордан Камчев и го потврди првостепеното решение со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција.

„Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди“, соопшти Апелација.

Од Апелација информираат дека вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движење на предметите во судовите.

Одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, на 23 јануари годинава во Апелацискиот суд во Скопје, рече дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор.

МИА/Фото: Орка холдинг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот не му го дава пасошот на Орце Камчев

Одбраната вели дека нема да бегал, бара од Апелација враќање на пасошот на Орце Камчев

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стружанка на 53 години и прилепчанец на 80 години починаа од корона вирусот

Редакција

Каматите на главниот долг – најголем проблем на граѓаните, и за тоа, најчесто се жалеле на омбудсманот

Редакција

Џафери е против лидерска средба за да се одблокира Собранието, но ако партиите сакаат нека се сретнат

Редакција