еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Маџар телеком“.

Предметот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Две лица од Штип кои се лекуваа во домашни услови, оздравеа од корона вирусот

Редакција

До 12 февруари 2024 мора да се сменат регистарските таблички со „NMK“

Редакција

Маргарита Цаца Николовска избрана за претседател, работната група за уставните измени ја одржа првата седница

Редакција