еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица

Во кинеската провинција Хубеи, едно од жариштата на коронавирусот, вчера биле регистрирани 103 нови смртни случаи, како и 2.097 новозаболени, додека во цела Кина од последиците на оваа заразна болест веќе починаа повеќе од 1.000 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.

Само во овој дел на Кина се заразени 31.728 лица, а 974 лица починале од последици на болеста. Покрај тоа евидентирани се уште 16.687 сомнителни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Суперпренесувачи го шират коронавирусот низ светот

Бројот на починати во провинцијата Хубеи вчера беше најголем откако болеста се појави во земјата.

Во Кина досега се потврдени над 42.000 заболени од коронавирусот, а 319 случаи се регистрирани во 24 други земји, се наведува во податоците на Светската здравствена организација (СЗО), како и на кинеските здравствени власти.

Светската здравствена организација истакнува дека 168 лаборатории ширум светот во моментов прават трестирање со цел да го пронајдат лекот за оваа смртоносна болест.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајцата мажи и жената од Македонија кои се на крузерот во Јокохама, кој е во карантин, се во добра здравствена состојба

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците нема да биде дел од Владата

Редакција

Поради некомплетна документација, Мијалков за сега останува во Шутка

Редакција

Радев порача Македонија да се врати во реалноста, за Сиљановска Давкова важно било што разговарале

Редакција