На 10.02.2020 во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалилште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од с.Раштани, велешко, информира МВР.
„Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани – Градско, сите сопатници во возилото. Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес“, соопшти МВР.