Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин.
Чулев денеска одговорајќи на новинарско прашање истакна дека проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите.
Тој рече дека проблемот со издавање лични документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски.
-Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме хаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да предизвика неспокој кај граѓаните и да предизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на проблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство.
Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за проблемот со патните исправи.
МИА/Фото: МВР