еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Расист во Германија уби девет лица и ја застрелал мајка си пред да се самоубие

Тобиас Р. е 43-годишниот Германец кој синоќа уби девет лица во два наргиле барови во гратчето Ханау во близина на Франкфурт, пренесе Ројтерс.

Германската полиција го нашла осомничениот мртов во неговиот стан. Пред да се самоубие, тој и пресудил и на неговата 72-годишна мајка.

Неговиот напад бил мотивиран од расистички мотиви со оглед на тоа што оставил видео-манифест во кој повикал на истребување на повеќе раси.

Сите деветмина убиени биле имигранти или со потекло надвор од Германија, а најмалку петтмина од нив биле Турци.  Уште шест лица биле повредени во нападот.

Фото/Видео: CNN/Youtube/Guardian

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Израел резолуцијата на ОН е „одвратна“, Палестина и Хамас ја поздравија

Редакција

(Фото) Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на струја во скапа тарифа откако се воведени блок тарифите

Редакција

Чешка бара помош од ЕУ да ги смести бегалците од Украина

Редакција