еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија како Северна Кореја: Ни се заканува информативен мрак?

На Македонија и се заканува информативен мрак. Според информациите до кои дојде еМагазин ќе запре реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали.

Неофицијално, Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија донело ваква одлука за овој чекор, откако македонското Собрание на последната седница пред да се распушти по скратена постапка ги усвои Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Истиот ден Законот беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски и објавен во Службен весник.

Со измените на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност, што е спротивно на ЕУ директивите.

Преведено тоа значи дека ќе можеме да ги гледаме само трите канали на јавниот сервис МРТВ.

Дознаваме дека за ваквата ситуација се веќе информираме сите релевантни институции во земјава.

Потврда за информацијата на еМагазин стигна и официјално од Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 54 случаи на Ковид-19 од 3.087 тестирања, бројката на активни се зголеми на 613

Редакција

Девизните резерви во септември зголемени во однос на август

Редакција

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украинец клекна пред руски тенк

Редакција