еМагазин
Image default
ЖИВОТ

УХМР: Ветерот во Скопје дуваше со брзина од 100 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираше дека ветерот што синоќа дувал во Скопје достигнал 100 километри на час.

Ветерот предизвика рушење на фасади, летање на кровови, а имаше откорнати дрвја и бандери за струја.

Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина над 70 километри. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси.

Денеска се очекува променливо облачно време со повремен дожд особено во западните делови од државата. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер во западните делови, а долж Повардарието северен и со умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10  степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Ветерот во Скопје ја однесе фасадата на МЕПСО, оштетени и други објекти од „Скопје 2014„

(Галерија) Силниот ветер синоќа откорна дрвја, сруши бандери, летаа кровови на Партизанска

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија

Редакција

Доктор Кунгуловски јавно прашува зошто се чудни резултатите од ПЦР тестирањата во македонските лаборатории

Редакција

До вторник пролетни температури, потоа снег

Редакција