еМагазин
Image default
Забава

Одложен фестивалот „Мозаик“ поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

Организаторот на фестивалот „Мозаик“ заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.

„Ќе ги следиме сите превентивни препораки според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. Сите купени влезници ќе важат за новиот датум.

Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на www.mktickets.mk со приложување соодветен документ за потврда,“ информираат организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И прилепскиот карневал „Прочка 2020“ се откажува поради корона вирусот

Откажан карневалот во Струмица поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Клаудија Кардинале блесна на отворањето на ИФФК „Браќа Манаки“: “Благодарам Битола, благодарам Македонија“

Редакција

(ФОТО) Марјана Станојковска во тигресто секси издание го „раздрма“ Инстаграм

Редакција

(Фото) Продолжува навивачката зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол

Редакција