Податоците за нивото на водата на Преспанското Езеро се добиваат и се анализираат од хидролошката станица во Стење, како и мониторинг-станицата во истото место.
Денес нивото на водата во Преспанско Езеро е намалено за околу 313 см.
Драстичното намалување на нивото на водата ги мобилизира властите да преземат мерки од нивна надлежност, соочувајќи се и со, како што велат, „виша сила“ или климатските промени, кои имаат големо влијание врз водите на езерото.
Општина Ресен алармира за наглото повлекување на водата од езерото и побара владина поддршка.
– Преспанско Езеро е прогласено за споменик на природата и ние како задолжени за чување, грижа и одржување навремено со соработниците презедовме мерки за заштита на езерото и ја информиравме Владата.
Не сме осамени во мерките за заштита на Преспанско Езеро, напротив, на мое барање и предложен заклучок, добив целосна поддршка за преземање итни мерки за заштита на езерото, изјави градоначаникот на Ресен, Живко Гошаревски.
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира работна група со стручни лица, кои во најкус рок ќе извршат увид на состојбата со водостојот на езерото и причините за повлекување со конкретни мерки за решавање на проблемот.
МИА/Фото: Фејсбук/Сара Божиновска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ