еМагазин
Македонија

Аптеките со објаснување зошто се зголемени цените на маските

Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на заштитните маски за лице.

„Точно е дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите. Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата.

Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните, едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус,“ се вели во соопштението на Здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аптеките ќе бидат казнети ако неосновано ги зголемиле цените на маските и на средствата за дезинфекција

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+видео) Во криза, Општина Липково потроши 200 илјади евра за споменик на УЧК

Редакција

14 дена забрана за работење на авто-школите

Редакција

За Христовото раѓање во Бигорски повеќе од илјада верници

Редакција