еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет“, треба да сведочат сведоци на Боки13

По минатонеделните две одложувања поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.

На денешното рочиште исказ треба да дадат сведоци предложени од одбраната на Боки 13.

Како што најави судечкиот совет, рочишта за предметот „Рекет“ се закажани до 10 април. Според редоследот на рочиштата, судењето ќе продолжи и во тек на изборна камапања за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум дена притвор за сопственикот на порталот „Доказ“

Редакција

Убава вест: Оздравени 148 болни од Ковид-19

Редакција

Антикорупциска формирала тим за договорот со „Бехтел и Енка“

Редакција