еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во штипскиот регион два дена нема позитивни на Ковид-19, вкупно излекувани 7 пациенти

Тројца пациенти од Штип денеска влегуваат во бројката на излекувани во земјава. Добра вест е што од 31 заразени со коронавирусот во штипскиот регион и официјално се излекувани седум, со што во проценти би изнесувало 22.

Штип веќе втор ден нема позитивни на коронавирусот.

Од 24 штипјани кои се уште се лекуваат, шестмина се здравствени работници, по двајца лекари, медицински сестри и болничари.

Три медицински сестри од одделението за Ортопедија кои минатата недела беа изолирани по негативните тестови се враќат на своите работни места, а еден болничар останува во самоизолација.

Досега само една жена на 80 години ја загуби битката со вирусот.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективно одделение се лекуваат девет пациенти, од кои двајца се од Штип, а останатите се од Кочани.

Негативни се тестовите и за петмината пациенти кои се водеа како сомнителни случаи, но поради респираторни проблеми се задржани на одделението и состојбата им се следи.

Во моментов имаат примено и еден пациент за кого резултатите се чекаат дали е позитивен на Ковид-19.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетово може да стане ново жариште на коронавирусот, предупредува Османи

Убава вест: Во Дебар од коронавирусот излечени повеќе од половина од заразените

Вкупно 112: Во Прилеп регистрирани девет нови случаи на заразени со коронавирусот

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев во Лондон се сретна со Меркел, Трудо и Санчез

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 17 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.470

Редакција

Деветта по ред: Данска го ратификува Протоколот за пристапување на земјава кон НАТО

Редакција