еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар нема новозаразени од коронавирусот, над 60% од заболените се излечени

Во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани ново заразените со Ковид-19, информираше општинскиот Оперативен штаб.

-Според лабораториски резултати за денеска, Дебар нема нови случаи заразени со Ковид-19.

Почитувајте ги препораките се уште не е крај, пишува на објавата на профилот на штабот на Фејсбук.

Ова е втор ден по ред како нема новозаразени, по двата случаи кои беа потврдени во четвртокот, откако немаше новозаразени 12 дена.

Вкупната бројка на заразени е 51 лица, од нив две од Општина Центар Жупа.

Над 60 отсто од нив се оздравени, додека четири лица починаа, од кои три лица од Дебар и едно од Центар Жупа.

Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини е стабилна.

-Во периодот од 07:00 часот на 17.04. до 07:00 часот на 18.04.2020 година, на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, нема прекршувања на забраната за движење.

Исто така не се регистрирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Информираше дека на ова подрачје извршени се 102 контроли на лица кои се под мерките здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

Врз основа на одлука на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот Црвен крст продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни.

Од вчера попладне до денеска до 14 часот извршиле услуга на десет семејства.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетово може да стане ново жариште на коронавирусот, предупредува Османи

Вкупно 112: Во Прилеп регистрирани девет нови случаи на заразени со коронавирусот

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Вкупно 1.170: Нови 53 лица заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција

Специјалниот претставник Бучковски очекува брзо да се пронајде заеднички јазик со новата бугарска влада

Редакција