Во Македонија за сега има три лица кои се заразени со коронавирусот.
И во трите случаи, станува збор за македонски државјани кои се враќаат од Италија, која моментално е неславен лидер по бројот на заразени и починати од коронавирусот во Европа.
Новозаразени се сопружници од Дебар, едниот на 62, другиот на 68-годишна возраст кои во Македонија стигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Патувале од Италија со 40 патници во автобус: Сопружници од Дебар новозаразени со коранавирусот
Тие со поблаги симптоми на 2 март се јавиле на матичен лекар, но тој не препознал индикација да се направи тест на коронавирусот, и ги пратил на домашно лекување, по што тие сами се јавиле во болницата во Дебар.
Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.
Нивната состојба, како што посочи вчера министерот за здравство, Венко Филипче, е стабилна, имаат сосема лесна клиничка слика, лесна форма на горнореспираторна инфекција, односно на грип.
Поради новонастаната ситуација во Италија, периодов се повеќе македонски државјани најавуваат дека ќе се вратат во земјава, бидејќи неможат да одат на работа и разбирливо се плашат дека ќе „завршат“ во карантин.
Нивниот број драстично може да се зголеми поради најавата дека пред карантин е и регионот на Пјаченца, каде работат и живеат најголем број наши државјани.
Власите за сега, освен генералните за сите кои доаѓаат во Македонија од Италија, но и од други кризни региони, нема дополнителни мерки за овие наши државјани, освен тестирање и самоизолација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заразени со коронавирусот во Грција порасна на 45 лица
Маж од Суботица е првиот заразен со коронавирус во Србија