еМагазин
Image default
Македонија

Негативни се резултатите кај првозаболената од корона вирус и кај 16-годишното девојче

Негативни се резултатите на првозаболената пациентка со коронавирусот, информира денеска Министерството за здравство. Таа била вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, како што информира Министерството, тестирани се и другите двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

„Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат нивните препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Вкупно 19 мерки и активности против ширење на корона вирусот

Се тестира 16-годишно девојче за корона вирус, засега нема нов случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите се налутија оти ја споредуваме нивната политика кон Македонија со таа на Русија кон Украина

Редакција

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

Редакција

Дали „Илија громовник“ е еден човек или група луѓе, кои организирано објавуваат „бомби“?

Редакција