еМагазин
Image default
Бизнис

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови

Билансите на банкарскиот систем упатуваат на здрави фундаменти, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата „Алсат-М“, во коешто акцентот беше ставен на можните ефекти од ширењето на вирусот Ковид-19 врз економијата.

„Во 2008 година, кога глобалната економија се соочи со криза, адекватноста на капиталот на нашите банки беше пониска отколку сега – тогаш изнесуваше околу 16 проценти, а сега е 17 проценти што претставува простор за справување со евентуални шокови.

Ликвидноста, исто така, сега е повисока отколку во преткризниот период во 2008 година, а многу е важно што и профитабилноста на банкарскиот систем е на солидно ниво, бидејќи ако има потреба за докапитализација заради поддршка на кредитната активност, банките имаат интерен потенцијал да ја обезбедат,“ рече Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочи и дека, сега, квалитетот на активата на банкарскиот систем е многу подобар отколку во периодот пред последната глобална економска криза, што јасно се согледува преку пониското учество на нефункционалните во вкупните кредити. Како што кажа таа, тоа се движи околу 4,8 проценти со што на регионално ниво, во споредба со другите економии, е и едно од најниските учества на нефункционалните во вкупните кредити.

Сето ова, како што кажа гувернерката, претставува илустративен показател дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот Ковид-19 на глобално ниво.

Ангеловска-Бежоска подетално се осврна и на можните ефекти на ширењето на вирусот врз глобалната економија, пред сѐ заради значењето коешто го има кинеската економија за глобалните економски движења.

Во емисијата гостуваа и министерката за финансии, Нина Ангеловска и Ангелка Пеева-Лауренчиќ од бизнис-секторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот

Какви мерки преземаат светските економии за заштита од негативни последици предизвикани од корона вирусот

(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Масовно се потпишува петција против изградба на кули кај „Холидеј ин“, се огласи и инвеститорот МГ Фешен

Редакција

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија

Редакција

Владимир Филиповски и Сашко Ќосев реименувани за членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје

Редакција