Би излегле ли граѓаните на избори доколку дојде до распламтување на заразата од корона вирусот е прашање на кое е извесен негативен одговор посебно во период кога државата речиси секојдневно воведува нови мерки со кои се прават напори да се спречи ширењето на болеста.
Сепак, тоа не ги спречи партиите да одржуваат конвенции, ниту пак да ги поколеба партиските лидери околу прашањето дали е потребно да се одложат изборите.
Малку е нелогично, во период кога учениците се на принуден распуст, а голем број родители на мали деца се дома наместо на работа и во кој не би требало да има јавни собири да се очекува дека граѓаните ќе излезат на митинзи или пак на гласање.
Уште помалку е логично да се очекува дека вирусот ќе исчезне за две недели ако се земат предвид случајот со директорката на Клиниката за кожни болести и новите два случаи на заразени од корона вирусот. Имено, ние допрва може да очекуваме ширење на оваа болест и покрај мерките кои се на сила.
Останува да се види дали партиските лидери и Владата на денешната средба ќе остават простор за избори без митинзи и кампања на која сме навикнати или пак ќе решат целосно да ги одложат изборите, што во овој момент се чини дека е најразумно решение со оглед на тоа што Македонија не е изолиран остров, а светот веќе прогласи пандемија на корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли избори: Партиските лидери денеска на кординација кај Спасовски
Заев: Не гледам причина да се одложат изборите
Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите
Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?