еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Корона вирусот пристигна и во Косово, регистрирани првите две заразени лица

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за здравство Арбен Витиа на вонредна прес-конференција попладнево објавија дека во земјата се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирус во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот Витиа информира дека станува збор за 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин.

Премиерот Курти порача дека нема место за паника и побара од граѓаните да ги почитуваат владините мерки за превенција од заразата, посебно со водење сметка за хигиената и избегнување на места каде што има поголемо присуство на народ.

Во врска со препораката за затворање на воздушните и патните премини од и кон земјите со висок и среден ризик за епидемија од смртоносниот Ковид-19, Курти рече дека засега нема одлука за тоа и дека од Националниот институт за здравство не се бара тотална, туку делумна забрана, и тоа само за патници, а не и за стоки.

Курти најави дека за вечерва е закажана вонредна седница на Владата во врска со ситуацијата со коронавирусот, на која ќе се одлучува и за евентуалното затворање на граничните премини.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде да се информирате за рестрикцијата на летови поради состојбата со корона вирусот

Нема влез и излез: Прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради корона вирусот

Четворица нови случаи од Дебар заразени од корона вирусот, вкупно бројката достигна 13

(Фото) Дебар како на филм: Поради превенција од корона вирусот дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од среда пет дена Пиволенд во Скопје: Кој се ќе настапи

Редакција

(Фото) 10 полицајци повредени при претрес во Идризово

Редакција

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19

Редакција