еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ ќе ги врати парите на патниците поради откажаните летови

„Виз ер“ денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем на откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата COVID-19, го автоматизираше процесот на рефундација со автоматско поставување на 120% од оригиналната цена во делот на „Виз ер“ кредитите на сметките на своите клиенти.

„Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година за да се осигури дека може да се справи со откажувањата примени во последно време, чија бројка е зголемена повеќе од 100 пати.

„Виз ер“ би сакал да ги увери сите свои клиенти дека дури и ако процесот потрае подолго од вообичаеното, сите побарувања ќе бидат решени и клиентите ќе имаат право на рефундација по откажаниот лет,“ информираат од компанијата.

Додека автоматскиот процес на враќање на готовина за туристички агенции се развива со висок приоритет, „Виз ер“ ги замолува туристичките агенции да го контактираат центарот за повици на авиокомпанијата.

„Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ги контактираат компаниите преку кои ги купиле своите билети.

Во овој исклучително невообичаен период ве замолуваме да ги користите нашите платформи за само-послужување, кои се наведени во електронските пошти за да се намали колку што е можно повеќе користењето на нашите центри за повици кои и онака се премногу зафатени.

Иако е надвор од границите на котрола на „Виз ер“, авиокомпанијата се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека враќањето на средствата останува нивен приоритет,“ велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

(ВИДЕО) Секоја чест за Jennifer Haller, која волонтираше прва на нејзе да се тестира потенцијалната вакцина за корона вирусот

Вкупно 26 заболени од корона вирусот: Позитивни се резултатите и на тројца пациенти тестирани во „Жан Митрев“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не e време за целосно укинување на ковид-мерките или пак нивно намалување, вели Сали

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Денис Јанкуловски ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“

Редакција