Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска им помагаше на волонтерите на Црвен Крст, во справување со борбата против корона вирусот.
„Во овие тешки моменти важно е сите да помогнеме во рамки на своите можности и да си дадеме поддршка. Црвениот крст на град Скопје преку своите волонтери помага на различни ранливи категории.
Заедно со Ивона одговаравме на телефонската линија за помош. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а сите останати на 071/379-119,“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.
Фото: Фејсбук/Пендаровска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.