еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кај 97 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се присутни хронична и здравствени состојби

Според последните податоци, бројот на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 384 лица.

“Во однос на коморбидитети, кај 97 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 73 лица имаат кардиоваскуларна болест, 23 лица се со хронична белодробна болест, 20 со дијабет, 5 со хронична бубрежна болест и 9 со други хронични болести.

Од пријавените случаи, 24,7% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според исходот од заболувањето, кај 356 лица се активни случаи, 17 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 11 смртни случаи (Лт = 2,9%), стои во анализата на ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?

Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција

„Уште еден прес на Тимоние и на ВМРО не му треба кампања„: Францускиот амбасадор на „тапет“ на Твитер

Редакција

Двајца постари мажи и малолетник во струшко злоставувале девојче под 14 години, едниот бил пријател на нејзиното семејство

Редакција