Според последните податоци објавени вчера, во Македонија се регистрирани 384 лица заболени со коронавирусот.
Вчера беа регистрирани 30 нови случаи.
“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 години (8), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 17 машки лица.
Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.
Кај десет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а едно лице има историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 342 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 30 или 8,8% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?
110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми
Кај 97 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се присутни хронична и здравствени состојби
Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата