еМагазин
Image default
Македонија

Општинскиот Кризен штаб на Кочани бара ограничување на движењето како во Куманово

Општинскиот Кризен штаб на Кочани на денешната итна седница донесе одлука да побара од Владата исти заштитни мерки како што важат во Куманово, односно за дополнително ограничување на движењето на граѓаните од понеделник до петок во периодот од 16 до 5 часот, а за викендите од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Причина за ова е брзиот пораст на бројот на лицата во регионот кои се позитивни на коронавирусот, при што е утврдено дека постојат три жаришта на ширење на заразата меѓу кои едното е во Зрновци.

Поради тоа службите и понатаму ќе спроведуваат епидемиолошки анкети за да се детектираат потенцијално заразени лица.

„Општината ќе им наложи на вработените во јавната администрација кои го немаат искористено годишниот одмор од минатата и првиот дел од оваа година да го сторат тоа заклучно со 31 мај, за да се намалат социјалните контакти.

Исто така, во комуникација со месните заедници ќе се формираат месни Кризни штабови што треба телефонски ќе споделуваат информации со надлежните, заради следење на состојбата во микросредините на живеење“, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека ги очекуваат резултатите за направените 60 тестови, со предупредување дека се очекува во наредните денови бројот на заразени рапидно да се зголемува.

На состанокот на Кризниот штаб беше заклучено Општата болница и Центарот за јавно здравје да достават список со потребната опрема за заштита на целиот медицински персонал во општината.

Исто така, Општината ќе им наложи на локалните маркети, наплатнитe центри и банкитe да организираат редарска служба заради почитување на социјалната дистанца и намалување на метежот што се создава пред нив.

Градоначалникот Илијев јавно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, совесно да се однесуваат на социјалните мрежи и да не споделуваат лажни информации или јавно да ги жигосуваат лицата кои се заболени.

МИА/Фото: Општина Кочани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорден број новозаболени од корона вирусот на дневно ниво: Позитивни 12,8% од тестираните

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на корона вирусот

„Хаварија“ во Кочани: Ја умреле мајка му, па откако купил ковчег му кажале дека е жива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Импортирани 6,2% од случаите на Ковид-19 во Македонија

Редакција

„Брканица“ помеѓу полицијата и превезувач на мигранти од Индија: Возачот удрил во возило на МВР, а потоа избегал

Редакција

Од октомври нова мерка: Ќе се бара потврда за две дози вакцина

Редакција