На штипското Инфективно одделение во моментов се лекуваат четворица пациенти позитивни на Ковид 19.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека претходно на болничко лекување беа двајца пациенти од Штип, а во изминатите два дена на ова одделение се хоспитализирани уште двајца пациенти од Кочани.
-Пациентите се со добра клиничка слика, но нивното лекување мора да биде во болнички услови. На одделението имаме и уште четворица пациенти од неколку општини, кои се со сомнителни симптоми на коронавирусот и за нив инфектолозите чекаат да пристигнат резултатите од тестирањето, вели Ѓеорѓијев.
Тој истакна дека од вчера на помош на двете лекарки пристигнал и лекарот инфектолог од болницата во Струмица, откако 14 медицински лица се во превентивна самоизолација поради контакт со 80 годишна жена, на којашто два теста биле негативни, а третиот тест потврди дека е заразена со коронавирусот.
МИА/Фото: Општина Штип
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Куманово уште 4 новозаболени здравствени работници
Виролози: Отворете прозорци, пуштете го сонцето, вирусот нема крилја
(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар
Се што сакавте да прашате, а Ви беше срам: Дали ќе се заразите со коронавирусот за време на секс?