Кинескиот град Вухан, каде што почна пандемијата на коронавирус, оваа недела ги отстрани последните ограничувања по повеќе од два и пол месеца строг карантин, јави ДПА.
Од полноќ по локално време (04:00 по полноќ), сообраќајот во Вухан ќе се врати во нормала. Летовите ќе бидат во функција, автомобилите ќе можат да го напуштаат градот, а луѓето да го користат возот, доколку се здрави и неодамна немале контакт со заразени пациенти.
Враќањето на нормалниот живот во овој 11-милионски град се смета како важен сигнал за Кина дека е завршена најлошата фаза од пандемијата.
Од над 80.000 официјално регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Кина, 50.000 беа во Вухан. Таму имаше над 2.500 од вкупно 3.300 починати од коронавирус во Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Убава вест од Кина: По 2 месеци изолација, делумно се отвори Вухан, од каде се почна
(Видео) Украинци евакуирани од Вухан непожелни и нападнати дома
МИА/Фото/Видео:Free press journal/Youtube/Quick take by Bloomberg