На 08.04.2020 во 09.10 часот на патот за с.Кнежје, светиниколско, при преземање на службени дејствија, а поради констатиран прекршок, Х.С.(30) не ја почитувал наредбата за запирање и со патнички автомобил „венто“, со светиниколски регистарски ознаки, го прегазил полицискиот службеник во пределот на ногата и се оддалечил од местото, информира МВР.
Х.С. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.