еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Светска банка: Корона вирусот ќе ја однесе во рецесија македонската економија

Светска банка во најновиот извештај за земјава наведува дека краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година и дека ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавните политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

Предвидениот раст на БДП за земјава годинава е минус 0,4 отсто, а за наредната 3,7 и во 2022 година 3,6 отсто.

„Растот во 2019 година од 3,6 проценти изненади во нагорна линија и невработеноста се намали на уште едно историско ниско како резултат на зголемувањето на вработеноста. краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година.

Пандемијата и мерките за ограничување на движењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката, така и на страната на понудата.

Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, стои во извештајот на Светска банка.

Според Светска банка економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

Од Светската банка наведуваат дека ја финализираат програмата на активности за помош на Северна Македонија за да се справи и да го намали влијанието од кризата.

Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија.

Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра. Светска банка порачува дека одлучувачки мерки, кои ќе стават приоритет на инвестициите во здравствените системи и обезбедување на соодветна социјална заштита за луѓето, особено најранливите, се клучни за намалување на негативните влијанијата од пандемијата Ковид-19 (коронавирус) во Европа и Централна Азија, се вели во пролетниот Економски извештај 2020 за регионот.

Во извештајот наведува дека земјите во регионот можат да помогнат во одржувањето на економската активност преку поддршка на приватниот сектор со поволни деловни кредити, намалување на даноците или одложувања за плаќањето на некои даноци. Малите и средни претпријатија кои се погодени, би можеле да имаат значителна корист од таргетирани владини субвенции.

„За време на овој исклучително тежок период, од особено значење е креаторите на политики да постапуваат решително“, вели Сирил Мулер, потпретседател на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Спорд него, ова значи одлучни мерки за зајакнување на здравствените системи и системот на социјална заштита, поддршка на приватниот сектор и зачувување на финансиската стабилност и доверба – аспекти кои се клучни за животот на луѓето.

МИА/Фото: Harvard model congress Dubai

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

72 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Се најавуваат илјадници отпуштања: Угостителите нема да ги користат мерките на Владата

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BtoBet со нова технологија за спортско обложување

Редакција

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кој ја пушти Јанева во домашен притвор

Редакција

Радев: Притисокот кон Бугарија заради ветото за Македонија ќе се зголемува

Редакција