еМагазин
Image default
Македонија

Се прават прегледи и се земаат брисеви од притвореници и персонал во Истражниот затвор во Шутка

Министерството за здравство информира дека по сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирусот, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници.

„Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението,“ информираат од Министерство за здравство.

За овој случај извести вчера министерот за здравство Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 115 случаи на Ковид-19 од 1.652 тестови, 23 се реинфекции

Редакција

Фашистот Ванчо Михајлов, Петков ако сака нека си го слави и воздигнува во Бугарија, вели градоначалникот на Куманово

Редакција

Во петок продолжува расправата за уставните измени

Редакција